ТЕРОРИСТИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ИСПИТУВА НЕЗАВИСНА КОМИСИЈА

0
526

Терористите кои се предадоа а беа инволвирани во денешните настани во Куманово каде се судрија со Полицијата заради целосна презентација на вистината треба да бидат испрашувани пред Независна комисија.

justicia-argentina

 

Многу медиуми и интернет портали објавија разни верзии за кумановските настани. Во ваква сложена политичка состојба во државава владее и медиумски хаос на препукување помеѓу провладините и опозициските медиум. Атмосверата се подгрева и поради фактот што ниту Премиерот а ниту Претседателот на државата јавно не се произнесоа за ваквите состојби со вооружени престрелки. Ниту МВР која ја води целата операција не се произнесе децидно за кумановските настани.

Министерката која до пред некој ден јавно ја докажуваше психичката и физичката способност за вршење на нејзината функција, сеуште се нема произнесено пред јавноста за кумановските настани. Според некои портали и медиуми, кумановските настани со сето воено сценарио се всушност фингирано сценарио на партиите на власт за да се забошоти проектот Вистината за Македонија пропагиран од СДСМ со „бомбите“ од Заев.

Уплашена власта од најавениот Митинг на опозицијата на 17 мај се приклонила кон едно вакво воено сценарио со кое сака да го исплаши сопствениот народ а пред меѓународната заедница да се претстави како влада која е фактор на законодавност и стабилност во државата. Во објавите се споменува името на Мијалков кој наводно пред два месеца бил инкогнито во Косово и барал за дебела сума пари деструктивни лица кои би извеле паравоени интервенции на територијата на Македонија.

Сега кога свеста на народот е насочена кон режимот на власт, некој сака да ги наруши меѓуетничките односи во Македонија и да сее страв во народот. Народот со вперен прст кон власта ги повикува Груевски и Ахмети да ја појасната состојбата во државата. Од другата страна, партиите на власт ДПМНЕ и ДУИ со штури изјави без аргументирана поткрепа со куси изјави повикуваат на некаква смиреност и осуда на ваквите терористички акти кои се случуваат во Куманово.

Посочуваат на некаква агресија од странска држава и вмешаност на странски служби за дестабилизација на мирот во Македонија, но ништо конкретно и децидно за кои странски служби и агресори станува збор. Неконкретност на нивните Прес-конференции наместо да ја смират состојбата го ставаат народот во недоумица и збунетост за настаните. Ваквите состојби условуваат народот и опозицијата оправдано да бара Независна комисија која ќе учествува во целата истрага.

Независна комисија веднаш да бара опозицијата во која би учествувале нејзини членови и тоа веднаш да го бара од МВР. Да се бара и вклучување на меѓународните посредници и ОБСЕ за целосно и релевантно расчистување на ваквите настани кои се случија во Куманово. Уапсените терористи да се испитуваат пред независна комисија за да не се манипулира со јавноста и македонскиот народ. Ако власта не уверува дека во државава има Независно судство, тогаш нема никаква законска препрека да се формира Независна комисија која ќе биде вклучена во истрагата.

ВИСТИНАТА Е ЕДИНСТВЕНА КОГА СИТЕ ЈА ЗНААТ И КОГА НЕ СЕ КРИЕ О ДНИКОГО. ПРЕД НЕА И БОГОВИТЕ КЛЕКНАЛЕ НА КОЛЕНА И И СЕ ПОКОРИЛЕ!