Monday, November 4, 2024
10.8 C
Skopje

Термонуклеарна бомба: целото писмо од Иванов до Трамп

Драги Трампе,

Веројатно сте чуле за мене, јас сум Хорхе од Македонија. Хорхе ми е уметничко име, инаку се викам Ѓорге, како Џорџ, само на македонски. Не знам како можеле да ме крстат исто со Џорџ Сорос, но името не го менувам, освен на референдум, тоа ми е принципиелен став, ве молам разберете дека тоа не е насочено против вас…

Исто така, ве уверувам дека тоа што ме викаат Хорхе нема врска со мојата етничка припадност: под полна морална и кривична одговорност тврдам дека не сум Мексиканец и немам ништо со Латинска Америка. По потекло сум антички Македонец, православен антички Македонец, од племето на паљурските Хунзи. Чисто сакам да го нафрлам овој факт: ние Хунзите никогаш не сме се обиделе нелегално да влеземе во САД. Никогаш!

За да нема недоразбирања и да ја ослободам нашата комуникација од непотребна непријатност поради еден настан од минатото, за да не биде протолкуван од ваша страна на погрешен начин, сакам најпрво да објаснам и да расчистам како се случи тој настан што може да стои како пречка меѓу нас двајцата, знаете, она кога му намигнав на вашиот претходник Барак Обама.

Бевме на молитвениот појадок. Седеше на соседната маса и постојано гледаше во мене и во еден момент јас трепнав, што потоа беше перципирано од страна на САД како намигнување. Јас за тој Обама немам ич високо мислење. Ако не ми верувате, прашајте дали за осум години мандат некогаш сум му стапнал во Белата куќа. Намигнувањето случајно ми се испушти и потоа немав како да го вратам назад. Намигнување не е аболиција, не може да се повлече.

Пријателе Трампе,

Знам дека Македонија е мала земја и оти можеби не сме ви приоритет број еден во моментов, но ве замолувам да потрошите барем година-две од вашиот мандат за решавање на нашите внатрешни проблеми. Не сакам да ви се заканувам, но во спротивно може да станеме извор на нестабилност за регионот, Европа, па и за целиот свет. Нема јака Америка, со слаба Македонија, тоа го знаете и вие.

Ве молам не барајте нѐ веднаш на картата, навистина во денешниве карти не сме големи како некогаш. Не знам како да ви ја опишам нашата географска големина. Ние сме дел од Европа, а Европа како континент е помала од Казахстан, што значи дека Македонија е помала од Казахстан. Но, имаме големо срце и богата историја, а имаме и голема, голема криза. Преголема, со оглед на денешната големина на земјата, би додал.

Целата колумна на Сашо Кокаланов може да ја прочитате ОВДЕ

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАМП : КАМАЛА ОТПУШТЕНА СИ; ХАРИС : ТРАМП ПРВИОТ ДЕН ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО БЕЛАТА КУЌА СО СПИСОК НА НЕПРИЈАТЕЛИ

По повеќемесечната кампања обележана со излегувањето на актуелниот американски...

НУЛА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА НАПАДИ ВРЗ НОВИНАРИТЕ : НАСИЛНИЦИТЕ МОРА ДА ОДГОВАРААТ

Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата врз...

ПЕНЗИОНИРАНИ ПОЛИЦАЈЦИ СПОДЕЛУВАЛЕ СЛУЖБЕНИ ТАЈНИ СО КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ,,ДУЌАНЏИК”

Приведени се двајца пензионирани полицајци и уште едно лице...

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ГИ ДОДЕЛИ СТИПЕНДИИТЕ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ЗА АКАДЕМСКАТА 2024/2025 ГОДИНА

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги додели стипендиите „Борис...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ