ТЕРМОНУКЛЕАРНА БОМБА НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ ЗА НОВАТВ : НЕ СМЕЕ ДА ИМА РАСФРЛАЊЕ СО ПАРИ НА ГРАЃАНИТЕ, НЕ СМЕЕ ДА ИМА НАМЕСТЕНИ ТЕНДЕРИ, ЌЕ ИМА РЕВИЗИЈА НА СИТЕ ДОБИЕНИ ТЕНДЕРИ, ДОКОЛКУ ИМА НЕПРАВИЛНОСТИ ЌЕ СЕ ПОНИШТАТ!!!

0
1597

Правилата мора да важат еднакво за сите, никој не смее да биде фаворизиран. Ова за НОВА го изјави премиерот Зоран Заев откако вчера во јавноста излегоа двата сканадолозни тендери, тој за реагенси тежок 35 милиони евра на Минисерството за здравство и дека Фондот за иновации додели 160.000 евра на сметката на Каст Инвест, компанија чиј косопственик е вицепремиерот Кочо Анѓушев.

„Правилата мора да важат еднакво за сите, никој не смее да биде фаворизиран. Не смее да има конфликт на интереси, ниту расфрлање со парите на граѓаните. Ќе ги провериме сите постапки, ако има било што неправилно или нешто што предизвикува конфликт на интереси, ќе барам ревидирање на одлуките,”изјави за НОВА, премиерот Заев.

НОВА вчера објави дека фирмата АХР ЛАБ увоз-извоз  ДООЕЛ Скопје, е единствена која аплицирала на тендерот за реагенси тежок 35 милини евра. Оваа фирма никогаш не работела со набавки на реагенси, а не е познато ниту дали и колку вработени има, нема никаква референца и основана е во момент кога во Министерството за здравство беше најавен големиот тендер за реагенси со кој министерот Филипче најави голема заштеда во здравството.

За познавачите на проблематиката сомнежите се јавија уште на самиот почеток на техничкиот дијалог, бидејќи како што велат сменета е спецификацијата со која се алудира на тоа на тенедерот да се јави само еден понудувач кој ќе носи реагенси од еден прозводител, компанијата АБОТ.

Фирмата АХР ЛАБ увоз-извоз  ДООЕЛ Скопје, е регистрирана со странски капитал, како микро фирма со влог од само 5000 евра.  Како таква, оваа фирма треба да застапува тригодишен тендер тежок толку колку чини капиталниот објект на новата Клиничка болница во Штип.

Од Тековната состојба во Централен регистар на ново формираната фирма се гледа дека  управител  е  Александар Јовановски кој има  неограничени овластувања  за внатрешниот и надворешниот промет, а како сопственик на фирмата се јавува извесен Предраг Петрич од Нови Сад.

Во документот од Централен регистар за контакт е впишана приватната и-меил адреса на Јовановски, во јавноста познат како Жути. Нема веб страна, ниту и-меил адреса на фирмата  АХР ЛАБ ДООЕЛ увоз –извоз Скопје.

Повеќе на порталот НоваТВ ОВДЕ