ТЕПАЧКА НА КФОР И СРБИТЕ ВО ЗВЕЧАН, ФРЛЕН СОЛЗАВЕЦ, ЛЕТАА ШОК БОМБИ И КАМЕЊА

0
462

Состојбата во Звечан на Косово во еден момент ескалираше, врз насобраните срби фрлен е солзавец, шок бомби, а толпата возврати со камења и шишиња. Има и повредени, јавуваат косовските и српските медиуми.

„ Шок бомби летаат на сите страни, се слуша пукање, а нападот го извршил КФОР“, пренесоа српските медиуми.

Најмалку двајца Срби се ранети, од кои еден млад човек е тешко повреден од истрели од огнено оружје, откако припадниците на КФОР употребиле шок бомби, а припадниците на косовската полиција пукале со огнено оружје, пренесуваа „Косово онлајн“.

Претходно, офицерот на КФОР преговараше со претставниците на Српската листа и претставниците на српскиот народ и побара од Србите да ги ослободат опколените специјалци на косовската полиција, кои цел ден беа „затворени“ во три оклопни возила, велејќи дека не можеше да дозволи неговите колеги (од косовската полиција) да бидат блокирани.

На Србите им се закануваше КФОР дека доколку не се согласат да се засолнат, КФОР ќе биде принуден да ги избрка со сила, пренесуваат српските медиуми.

Откако народот го одби барањето на КФОР, договор беше да седнат на асфалтот пред општина Звечан и мирно да го изразат својот протест.

Меѓутоа, припадниците на КФОР првично почнале да ги влечат и туркаат Србите, по што камења полетале кон нив.