ТЕПАЧКА ВО ЈП „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“ – ЧЛЕНОВИ НА УО СЕ СТЕПАЛЕ СО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО

0
481

Тепачка попладнево се случила меѓу членовите на Управниот одбор и обезбедувањето во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје.
Според информациите, проблемот настанал кога по наредба на директорот Драган Илиевски им било забрането да држат состанок во канцеларијата на четвртиот кат каде со години се држат состаноци, туку требало да одат на петтиот кат каде нема канцеларија, туку требало да држат состанок во ходник.

Членовите на УО не прифаќале да одат на петтиот кат, ама обезбедувањето не ги пуштило да влезат во канцеларијата, по што настанала турканица.
И од МВР потврдија дека кај нив била пријавена тепачка во јавното претпријатие.„На 03.11.2023 година во 13.30 часот лице од Управен одбор на ‘Водовод’ пријави дека во просториите на ‘Водовод’ дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Полициски службеници од ПС Центар се упатени за расчистување на случајот“ – соопштија од МВР.