ТЕПАЧКА ВО ИДРИЗОВО, ОСУДЕНИК ПРОБОДЕН СО ОСТАР ПРЕДМЕТ

0
627

Во текот на вчерашната вечер, околу 20:30 часот во КПУ „Идризово“, пријавено е дека околу 19:25 часот во затворенио дел од установата повеќе осуденици нападнале 33-годишен осуденик, а еден од напаѓачите со остар предмет му нанел повреди.

Полицијата денеска извести дека: „Синоќа околу 20.30 часот од КПУ „Идризово“ е пријавено дека околу 19.25 часот во затворениот дел од установата повеќе осудени лица го нападнале осуденикот Е.С.(33), а осуденикот Б.А. со остар предмет му нанесол повреда на нападнатиот.

Од МВР велат дека „се работи на расчистување на случајот“.