ТЕНЗИЧНО ПРЕД „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА” : ДИРЕКТОРКАТА КОСАНА МАЗНЕВА НЕ ПОПУШТА, ВРАБОТЕНИТЕ ЛЕГНАА ПРЕД КАПИЈА

0
527

Директорката на скопска „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, успеа да мобилизира неколку камиони за да собираат смет низ Скопје.

Но, вработените кои протестираат не дозволија тие да излезат од кругот на претпријатието. Полицијата и раководни лица се обидоа да ги убедат да се тргнат од портите, но неуспешно.

„Не мрдаме, нека не газат“, довикуваа лицата кои седнаа пред капијата. Директорката Мазнева се соочи со нив, но наиде на скандирања и негодување. „Дали вие вечер ќе работите?”, ги праша Мазнева, а тие скандираа – „оставка“.