ТЕНДЕРИ: „Бетон Штип“ на наместен тенденер победил да го гради Музејот на ВМРО и лапнал 54.501.336 денари

0
851

Оброзложувајќи ја истрагата за случајот „Тендери“, обвинителската Фатиме Фетаи, истакна дека во овој случај осомничени се четири лица вработени во Министерството за култура.

Наводно, според образложението на Фетаи, на наместен тендер била избрана компанијата која ќе го добие тендерот за изградба на објектот Музеј на ВМРО, дел од проектот „Скопје 2014“. Во случајот победник на тендерот беше компанијата „Бетон Штип“.

Како што кажа Фетаи во телефонски разговор, првоосомничената договорила со директорот на „Бетон Штип“ да ја почнат работата на „Музејот на ВМРО“, а потоа ќе се распише тендер, со точно определени спецификации кои само „Бетон Штип“ ги исполнува. Министерството за култура на сметка на „Бетон Штип“ за ова префрлило 54 милиони 501 илјада и 336 денари.