Темелко се прави мутав : Не знам од каде ми е фотографијата со осомничениот Пепиќ

0
458

Откако деновиве градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко рече дека не го познава Мунир Пепиќ тој денеска во изјава за 24 Вести не сакаше да одговори дали се уште стои на оваа негова изјава со оглед на тоа што во јавноста излезе фотографија на која тој е сликан со него. Еве што ни одговори тој во телефонскиот разговор.

„Нема да ви одговорам. Си има процес отворен, кога ќе заврши процесот тогаш ќе одговорам. Гледам објавувале мои слики со Мунир, па од каде да знам кога тој се сликал со мене. Можеби било на некоја конференција и застанал да се слика. Многу застануваат до мене и се сликаат“.

Пепиќ е еден од осомничените во случајот Титаник и неофицијално, заедно со Едмонд Темелко е вмешан во незаконско издавање лични карти на фиктивни адреси за Македонците од Пустец. За сега се уште нема информации и до каде е истрагата со доказните материјали кои пред два дена полицијата ги одзеде од домот на Пепиќ во скопско Батинци.

Портпаролката на Специјалното јавно обвинителство Ленче Ристовска за 24Вести рекла дека се уште не можат да информираат до каде е истрагата и дали имаат некакви детали за тоа што е откриено.