ТЕЛМА : СПАСОВСКИ ПОМАГАЛ НА ИСТРАГАТА НА ОБВИНИТЕЛКАТА РУСКОВСКА, ТУПАНЧЕВСКИ ОЧЕКУВА БРЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАЗВРСКА ЗА КРИЗАТА ВО ОБВИНИТЕЛСКИОТ ВРВ

0
254

Спасовски соработувал со обвинителството, Тупанчевски се дистанцира од војната во обвинителскиот врв.

Прашани и двајцата ресорни министри не знаат дали врз обвинителката од организиран криминал Вилма Русковска се вршел владин притисок заради отворените истраги.

Спасовски на МВР е во добри односи со обвинителството и ги предал сите документи за истрагата за затворената техничка станица која го пропуштила кобниот автобус на „Беса транс“ во Бугарија.

Извршната власт настрана од судската повика министерот за правда Никола Тупанчевски кој се воздража од коментар за војната во обвинителството.

И порача на обвинителката Русковска да пријави ако заради водењето истраги трпела пристисоци.

Тупанчевски побара од обвинителстовото институционална разврска.

Таков исход се очекува утре на седницата на советот на јавни обвинители кој треба да ја разгледа одлукатата за суспензија на шефицата на одделението за организиран криминал и борба против корупција Вилма Русковска и нејзината жалба.

Од гласањето ќе зависи дали Русковска се враќа на позицијата и продолжува со водењето ан истрагите за пропусти во станциата за технички прегледи при МВР „Виа –комерц“ но и предистрагата за затајување на пријави во управата за финансиска полиција заради што таа заработи кривична пријава од директорот во оставка Арафат Муареми.

Се чека и дисциплнсиката комисија при јавното обвинителство да ја отвори постапката против обвинителките Русковска, Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева дека сториле крупна намерна и непрофесионална грешка.