ТЕЛМА : ИНИЦИРАНА ПОСТАПКА ЗА УТВРДУВАЊЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА СУДИЈАТА ПАЈАЗИТИ КОЈ МУ ОДРЕДИ ДОМАШЕН ПРИТВОР НА БЛЕРИМ РАМАДАНИ

0
95

Иницирана е постапка за утврдување на одговорност на судијата Пајазит Пајазити од Основниот кривичен суд Скопје, кој му го определи, па му го замени ефективниот со домашен притвор на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Блерим Рамадани, по што тој побегна од државата, објави ТВ Телма.

Според извори на телевизијата, барање за поведување на постапката за нестручно и несовесно вршење на судиската функција на Пајазити поднел членот на Судскиот совет, Александар Камбовски, иако засега нема официјална потврда од Советот поради тајноста на постапката.

Судијата и член на Судскиот совет, Александар Камбовски, беше дел од комисијата што Советот неодамна ја формираше со цел испитување на одлуките на скопскиот кривичен суд во врска со притворот на Рамадарни. На почетокот на месецов Судскиот совет го усвои извештајот на работната група во врска со одлуките на Кривичен за притворот на Рамадани. Извештајот пред своите колеги во Советот го елаборираше Камбовски.

За предметот со Блерим Рамадани, тој наведе дека судијата на претходна постапка во решението за определувањето на куќниот притвор дал исти причини за ваквата мерка, како и претходно кога определил мерка притвор. Во решението, како што наведе Камбовски, судијата, чие име не беше споменато на седницата, не го определил начинот на кој надлежните секторски единици на Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе го вршат надзорот.