Tuesday, July 15, 2025
34.8 C
Skopje

ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР МЕЃУ ШЕФОВИТЕ НА ЦИА И НА РУСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ

Директорот на руската Служба за надворешно разузнавање (СВР), Сергеј Наришкин, соопшти дека телефонски разговарал со својот американски колега,шефот на ЦИА, Џон Ратклиф, што е нивни втор официјален разговор од средината на март и во услови на сè поочигледно зближување меѓу Москва и Вашингтон.

-Телефонски разговарав со мојот американски колега и се согласивме дека ќе можеме да се јавиме во секое време за да разговараме за прашања што се од интерес за нас – рече Наришкин на руската државна телевизија, без да даде детали. Наришкин, близок соработник на претседателот Владимир Путин, и Ратклиф претходно разговараа на 11 март, нивниот прв познат контакт по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.

Овие два официјални телефонски разговори меѓу двајцата шефови на разузнавачките служби, руската СВР и американската ЦИА, се одвиваат во време кога дипломатските односи меѓу Москва и Вашингтон почнаа да се затоплуваат и покрај конфликтот во Украина во кој Американците формално го поддржуваат Киев.

Но, сè уште постојат многу меѓусебни несогласувања меѓу Москва и Вашингтон, со оглед на бројот на години екстремни тензии.

Конкретрно, Американците продолжуваат да им даваат важни разузнавачки информации на украинските сили по повеќе од три години голема офанзива на руската армија на украинска територија. Во март, Сергеј Наришкин и Џон Ратклиф „се согласија да одржуваат редовни контакти“, објави руски извор.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ И ВРАТИ НА РОЗАЛИЈА: ЗА СДС УЛИШНИТЕ КЛУПИ БЕА МЕСТО ЗА ПАРТИСКА ПРОПАГАНДА

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ИЗЈАВА НА РОЗАЛИЈА АНГЕЛКОВСКА ОД СДС Кога...

КРСТОВСКИ: БЛАЖЕВСКИ, СИМБОЛ НА ЗАЕВИЗМОТ, НЕРАБОТЕЊЕ, УНИШТУВАЊЕ, ПРЕДАВСТВА И ЛИЧНО БОГАТЕЊЕ

Прес-конференција на Никола Крстовски, претседател на УМС - Општина...

КОМАНДАНТ ,,БАРУТИ” ОД ДОМАШЕН ПРИТВОР ОДИ ВО ШУТКА

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ