Телефонски разговор Заев-Фон дер Лајен: ЕУ ќе обезбеди 651.000 вакцини за Западен Балкан

0
217

Во телефонски разговор со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен разговаравме за соработката меѓу Европската Унија и земјите од Западен Балкан во овие услови на здравствена криза.

Претседателката ме извести дека ЕУ обезбедува 651.000 дози вакцини за заштита од КОВИД-19 како директна помош за граѓаните на земјите од Западен Балкан, а соодветен дел од нив согласно бројот на жители во текот на април ќе пристигнат и во Северна Македонија.

Заеднички констатиравме дека европската соработка и солидарност мора да бидат на прво место во услови на глобална пандемија и загрозено јавно здравје и ја потврдивме обостраната силна заложба за забрзана интеграција на регионот кон Унијата.