ТЕЛЕВИЗИЈА 24 : ИЗБОРИ ЗА ЛИДЕР НА СДСМ НА 30 ЈУНИ

0
113

Изборите на кои СДСМ треба да избираат нов претседател по дебаклот на партијата предводена од Димитар Ковачевски ќе се одржат на 30 јуни, потврдуваат од СДСМ за Тв 24.

Отчетниот Конгрес на кој ќе треба да се анализираат најлошиот историски изборен резулата на СДСМ се планира на 16 јуни. Овие одлуки ќе треба формално да ги потврди и ЦО во четврток, по што ќе почнат да течат роковите за официјални кандидатури.

Според информациите на ТВ 24 во лидерската трка планира да вчезе екс министерпт за здравство Венко Филипче, актуелниот потпретседател во оставка Стефан Богоев, како и Директпрот на ТИРЗ Јован Деспотовски кој му беше противкандидат на Ковачвски на последните збори, кога Зоран Заев го поддржа за претседател.

Дека размислува за канддатура најави и министерката за одбрана во заминување Славјанка Петровска, а не се исклучува кандидатура и на генералниот секретар во оставка Миле Зечевиќ, како и на заменикот во администрација во заминување Александар Бајдевски.

Димитар Ковачевски во средата а поднесе оставката, откако од позиција на власт СДСМ ги изгуби изборите и освои само 18 пратеници во Собранието