Тежок инцидент се случи вчера во Урошевац, во кој се избодени четири лица, две девојчиња помлади од 18 години и две лица на возраст од околу 29 години. Тие биле нападнати од страна на едно лице со нож. Под сè уште неразјаснети околности, 59-годишниот маж со нож избодел четворица случајни минувачи, две девојчиња помлади од 18 години и двајца мажи (на возраст од 29-32 години).
Една од жртвите на овој случај е 10-годишно девојче. Тројца од лицата кои биле избодени се згрижени во Клиничкиот и универзитетски центар на Косово. Косовската полиција соопшти дека нападот бил извршен на три улици во Урошевац, а жртвите биле случајни минувачи, додека Единицата за брз одговор успеала кратко по инцидентот да го пронајде осомничениот Е.С. (59).