ТВИТЕР ДОБИ ДВОЈНИК, ТАМБЛР ВОВЕДЕ НОВ ИНТЕРФЕЈС РЕЧИСИ ИДЕНТИЧЕН НА ТВИТЕРОТ

0
286

Тамблр официјално објави нов интерфејс за на веб-прелистувачите откако заврши тестирањето со одредени корисници изминатиот месец.

Новиот интерфејс за навигација личи многу на Твитер, бидејќи лентата за навигација на платформата е поставена лево. На новиот изглед, исто така, копчето за објавување се наоѓа на долниот лев агол на екранот, каде што се наоѓа и копчето на Твитер, јавува ТекКранч.

Компанијата вели дека ја направила промената за да им олесни на сите да разберат и истражат што се случува на Тамблр, без разлика дали се нови или постоечки корисници на платформата.

Од Тамблр велат дека ги вклучиле сугестиите од корисниците за време на фазата на тестирање.

image