ТАЈВАН САКА ДА ГО ИНТЕНЗИВИРА ПАРТНЕРСТВОТО СО ЕУ

0
570

Претседателката на Тајван, Цаи Инг-вен вчера во Европскиот парламент изјави дека сака да ги продлабочи економските врски со Европска Унија и да формира одржлив демократски сојуз.– Тајван сака да ги продлабочи билатералните економски и трговски врски, да ја обезбеди безбедноста на синџирите на снабдување и да ја забрза работата на билатералниот инвестициски договор со ЕУ, истакна Цаи.

Таа додаде дека Тајван и ЕУ се важни трговски партнери и оти минатата година е забележан раст на билатералната трговија од 32 отсто и покрај пандемијата со коронавирус.Цаи изрази благодарност до ЕП годинава усвои повеќе од 10 резолуции за поддршка на Тајван.– Светот денес мора да се справи со експанзијата на авторитаризмот, посочи Цаи.