Тачи: Ахмети е во мртов агол, неговата идеја е тешка манипулација

0
318

Лидерот на ДПА Мендух Тачи вели дека идејата за прв премиер Албанец, на Али Ахмети, е тешка манипулација.

-Граѓаните одлучуваат кој ќе биде премиер, а премиер ќе биде тој што ќе победи на изборите, а Албанците можат да освојат најмногу до дваесетина пратеници. Затоа, ова што го зборува Али Ахмети е тешка манипулација со луѓето и со емоциите на Албанците оти нешто тој ќе направи. Тие се во мртов агол и ќе биде многу убаво да ги видиме како ќе се снаоѓаат во улога на опозиција, изјави Тачи, на денешната прес конференција.

Тачи смета дека изборите треба да се одржат на 5 јули.

-ДПА е на став дека 5 јули е датумот на кој треба да одиме на избори. Не може вака понатаму да одиме. Ова сега е Влада во која политичките партии се повеќе грижат за нивниот рејтинг отколку за сериозноста на ситуацијата. Сѐ околу нас, па и кај нас, укажува дека ваквата состојба со КОВИД-19 нема да трае две недели или уште два месеца, ќе трае поведолго и ние не треба да бидеме во ситуација да чекаме со месеци за да се поправи состојбата па да одиме на избори, додаде Мендух Тачи.