Татковците на четирите момчиња убиени кај Смилковско Езеро бараат од Зоран Заев да ја објави вистината

0
541

machkich_2

Драган Тричковски, Раденко Славковски, Диме Ацевски , Горан Накевски татковците на четирите момчиња убиени кај Смилковско Езеро секојденсвно се на вечните почивалишта  на нивните синови со надеж дека ќе се открие кој стои зад овој монтруозен чин. Бараат од  лидерот на опозицијата, Зоран Заев, да ја објави вистината за Смилковско езеро, пренесува Телма.

Пораките за кои зборува Накевски се дел од судскиот предмет во кој им се судеше на седумина за убиството и беа изречени шест доживотни затворски казни. Но, никогаш на судењето не се прочитаа пораки од кодирани телефонски броеви. Токму во нив, роднините на момчињата се сомневаат дека се кријат оние кои ја знаат вистината.

Обвинителството тврдеше дека убиството било извршено за да се внесе немир кај македонскиот народ, но семејствата имаат и други сомнежи.

Двајца од обвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осомничени дека се директни извршители на убиствата сѐ уште се во затвор во Приштина и не се екстрадирани. На 3 март заврши затворската казна на Демири во Косово.

Во случајот требаше да помогне и американската федерална агенција.

Разочарани од државата, разочарани од судството, овие семејства секојдневието го минуваат сами трагајки по светлина која ќе го даде одговорот зошто нивните деца беа крвинички ликвидирани пред три години на големиот  верски празник, Велигден.

Извор: Телма