ТАСЕВСКА : РЕАЛИЗИРАНИ 36 ПРОЕКТИ ОД ТАВ ПРОГРАМАТА ВРЕДНИ 15 МИЛИОНИ ЕВРА, ИНВЕСТИРАМЕ ВО ЛОКАЛНИОТ РАЗВОЈ

0
500
Прес-конференција на Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ
 
Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Владата предводена од СДСМ продолжува со инвестирање во капитални проекти важни за развојот на општините, но и за економскиот раст.

Реализацијата на проектите финансирани од програмата на ТАВ се одвива со одлично темпо.

Пред околу една година беа потпишани вкупно 94 договори за реализација на инфраструктурни проекти во сите плански региони или во 75 општини низ целата земја, во вредност од 49,7 милиони евра.

Денес, веќе се реализирани 36 проекти, односно повеќе од третина со вкупна вредност од 15 милиони евра.

Сите преостанати проекти се во фаза на реализација а финалниот рок за реализација е крајот на 2023 година.

Тоа се средства и проекти вложени директно во локалниот развој на општините, за подобри услови за живот на нашите граѓани.

Почитувани,

СДСМ преку Владата и институциите продолжува со вистинска грижа за општините и граѓаните.

И во време на светска економска криза вложуваме во проекти кои обезбедуваат забрзан локален економски раст и повеќе можности за граѓаните и компаниите.