ТАСЕВСКА : ПРЕКУ ФЕНИКС ДПМНЕ ИМА УКРАДЕНО 33 ГРАДИНКИ , ТОЛКУ ВРЕДАТ 57 МИЛИОНИ ЕВРА

0
599
Прес-конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Последниот случај Феникс и истрагата што ја отвори надлежна институција, Обвинителство, сомничи 15 лица, меѓу кои поранешни највисоки функционери на ДПМНЕ.

Осомничените се теретат за злоупотреба на 57 милиони евра, пари на граѓаните, за 11 споменици од Скопје 2014.

Колку голема, ултра пералница на парти е Скопје 2014.

Но, обемот на овој историски криминал најдобро се гледа ако се спореди вредноста на злоупотребените пари.

На пример, една нова, современа и целосно опремена детска градинка за 200 дечиња чини околу 1,5 – 1,7 милиони евра.

Тоа значи дека за 57 милиони евра можело да се изградат 33 нови детски градинки ширум државата.

Ете зошто во времето на ДПМНЕ не се градеа нови детски градинки, не се градело затоа што се крадело.

Од ДПМНЕ решиле дека наместо за народот, за граѓаните, за дечињата, парите треба да завршат во нечии џебови.

Не се мислело на тоа да се создадат подобри услови за најмладите, не се мислело да се обезбеди соодветен капацитет, се мислело само на лично богатење.

Само преку еден случај 57 милиони евра злоупотребени, тоа значи дека се украдени 33 градинки.

СДСМ за 6 години изгради и обнови 80 детски градинки, низ сите општини во државата.

Тоа е суштинска разлика помеѓу криминалот на режимот на ДПМНЕ и вистинските политики на СДСМ.