Thursday, May 22, 2025
11.8 C
Skopje

ТАРАВАРИ : ЌЕ ГИ ЗАБРАНИМЕ КОЦКАЊЕТО И БРЗИТЕ КРЕДИТИ, ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ ГИ ПОКРИВА ДОЛГОВИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ОД БРЗИ КРЕДИТИ

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари денеска ја посети Струга, каде разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до граѓаните.

На средбите тој беше соочен со загриженоста на граѓаните за здравјето, а особено за коцкањето и штетните практики на брзите банки. Тој ја изрази својата посветеност да се запрат овие негативни појави и да се изнајдат решенија кои ќе го подобрат животот на граѓаните.

„Денеска имавме посета на градот Струга и населените места во Струга. Средбата ја започнав со моите колеги, лекари од Струга, со кои разговаравме за ВЛЕН програмата за здравство, како тие ги гледаат проблемите, како може да се подобрат и како може да се најдат решенија за здравството во Република Северна Македонија. Потоа продолживме со средби со граѓани, мали и средни бизниси. Бев сведок на големиот број на казина во Струга, како и на банките за брзи кредити, а колку тоа и наштетува на економијата на граѓаните на Струга.

Ние како коалиција ВЛЕН во идната влада веднаш ќе преземеме итни мерки за забрана на коцкањето во Северна Македонија како што се случи во Косово, но и за стопирање на работата на брзите банки кои нанесуваат голема штета на буџетот на граѓаните. Сериозно ќе им помогнеме и на граѓаните кои имаат долгови кон овие банки, овие долгови да ги покрие државата или владата“ рече Таравари

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ИРМ БАРА ОБЈАСНУВАЊЕ ОД ЕВН КОЈ И КАКО ЈА ПРЕСМЕТУВА СТРУЈАТА

Ве известуваме дека упативме Барање за доставување на податоци...

БОЖИНОВСКА: НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА НОСИ ПРИДОБИВКИ ЗА ГРАЃАНИТЕ И ЗА ДРЖАВАТА

Законот за енергетика што минатата недела го усвои македонското...

ШОКАНТНО – УЧЕНИК НАПАДНАТ СО НОЖ ВО ДВОР ВО УЧИЛИШТЕ ВО БИТ-ПАЗАР

Фото : Илистрација Соученици нападнале дете во двор во училиште...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ