Wednesday, March 19, 2025
-3.2 C
Skopje

ТАРАВАРИ: СПРЕМЕН СУМ ДА ГО ПОНИШТИМЕ ТЕНДЕРОТ ЗА ПАРКИНГОТ КАЈ КЛИНИЧКИ ДОКОЛКУ ВЛАДАТА И ЈАВНОСТА СЕ ПРОТИВ

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека договорот со компанијата „Ѓока констракшн“ која преку јавно-приватно партнерство треба да стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе биде потпишан доколку по првичната помината процедура помине уште неколку филтри. Подготвен е и да го поништи тендерот, како што вели, доколку на јавноста не ѝ се допаѓа понудата и има укажувања од Владата за пропусти. Понудената цена за паркирање е 50 денари за час, што според него, е пристојна.

Според Таравари, рокот за стопанисување со паркингот не е 20 години, како што е предвидено со физибилити студијата. Во тендерот, како што соопшти, има услов за понудувачот да го користи паркингот додека на таа локација е Клиничкиот центар и тоа нема да биде повеќе од 7 до 10 години.

„Според физибилити студијата е предвидено да биде 20 години, но во меѓувреме имаме одлука дека паркингот може да се користи додека Клиничкиот центар е тука. Јас лично сметам дека Клиничкиот центар нема да биде тука повеќе од 7 до 10 години. Сме ставиле како услов, додека е тука Клиничкиот центар, тоа може да бидат пет, шест, седум осум, девет, 10 години, но мислам дека тоа нема да биде повеќе од седум до 10 години, затоа интересот на компаниите беше многу мал, да беше 20 сигурно ќе се јавеа. Од проектната единица ме известија дека процедурата е помината и има одредени филтри што треба да поминат во Владата. Ако поминат ок, ако не поминат пак ќе го објавиме тендерот“, рече Таравари.

Имајќи предвид како се движат цените за паркинг, министерот мисли дека понудената цена не е лоша. Најдобро е да биде нула денари, но ако најдете таков понудувач што ќе обезбеди плус 600 денари и нема да наплаќа ништо би било идеално, додава тој.

„Не се согласувам, имате понуда, имаше акуција, тоа е цената што е дадена. Но, не е некоја цена што е многу висока. Во Скопје има места со 100, 150 денари за паркинг, така што мислам дека 50 денари е пристојна и не е некоја многу висока цена“, рече Таравари, прашан дали се согласува со зголемувањето на цената на паркингот.

Рокот за изградба на монтажните катните гаражи доколку биде потпишан договорот, како што рече, најверојатно е шест месеци до една година. Вчера повеќе медиуми објавија дека „Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје, а државата ќе добива 1 отсто од добивката.

ОВАА НЕДЕЛА

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ВО ПИРОГОВ, СОСЕДНА БУГАРИЈА ПОЧНАЛЕ САМОСТОЈНО ДА ДИШАТ

Четворица министри од Бугарија и од Северна Македонија ја...

ВО БУГАРИЈА КРВ ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОЖЕ ДА СЕ ДАРУВА И ВО ВОЕНО-МЕДИЦИНСКАТА АКАДЕМИЈА (ВМА)

Воено-медицинската академија (ВМА) во Софија се приклучи на крводарителската...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ