Wednesday, April 23, 2025
9.8 C
Skopje

ТАРАВАРИ СЕ ОГЛАСИ ОТКАКО 32-ГОДИШНИК ПОЧИНА ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА: ЕКСПЕРТСКИ ТИМ ОД МЗ ЌЕ ГИ РАЗГЛЕДА СИТЕ ФАКТИ ЗА СМРТТА

Министерот за здравство, Арбен Таравари утрово се огласи откако вчера во болницата во Куманово починал 32-годишник. Во објава на социјалните мрежи, Таравари напиша дека експертски тим од Министерствотото за здравство ќе ги разгледа сите факти за смртта.

„Јас сум на првата линија на кочанската трагедија и срцето ми е скршено деновиве, а за Ведат беше уште еден удар… Изразувам сочувство до семејството!.Ја чувствувам болката на неговиот татко, кој со свои нозе го однел синот во болница! Го разбирам неговиот револт кон докторот за кој се сомнева дека направил лекарска грешка! Наредив експертски тим од Министертвото за здравство да ги разгледа сите факти и доколку тоа се докаже, ги повикувам правосудните органи строго да го спроведуваат законот! Без никаков компромис бидејќи грешките ни ги земаат најскапоцените работи…, стои во објавата на првиот човек на македонското здравство“, напиша Таравари.    

Таткото на Ведат Адеми (Амет Адеми)  изјави дека син му починал поради алергиска реакција на терапијата што му ја администрирале. Директорот Трајановски на прашањето на „Слободен печат“ дали терапијата што пациентот ја примал вечерта кога првпат дошол во кумановската болница и утредента во 11 часот била истата, не беше сигурен.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВИСОКО НИВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски,...

ЉУТКОВ ЗА ТВ СИТЕЛ НАЈАВИ УТРЕ ДО 16 ЧАСОТ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева...

ХАРВАРД ЈА ТУЖИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ