ТАРАВАРИ : СЕКОЈА ИНВЕСТИИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО Е ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ИДНИНАТА

0
310

По повод почетокот на новата учебна година, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари заредно со неговите соработници ги посети основните училишта „Фаик Коница“ – Дебреше и „Единство“ – Гостивар.Градоначалникот  Таравари на сите ученици, особено на оние кои за прв пат го започнуваат своето образовно патување, им посака успешна година. Тој ги спомена и инвестициите на општина Гостивар во училишта и градинките во изминтатите 6 години додека тој е градоначланик, издвојувајќи го дневниот престој во ОУ „Единство“.

Во овој период имало многубројни инвестиции во општинските основни и средни училишта во Гостивар, каде што вреди да се споменат средното техничко училиште и ООУ „Единство“ во градот, како и основните училишта во селата Форино, Равен, Вруток и Дебреше.

Во ООУ „Гостивар“ реновиран е паркингот и реконструирана е старата училишна зграда. Во ООУ „Единство“ санирани се тоалетите и дневните простори, бојадисани се училниците и поставено е катче за игри. ООУ „Форино“ веќе има нова фасада, а во ООУ „Лирија“ направени се големи инвестиции во училишните објекти и во село Равен и во село Вруток. Во училиштето во Равен реновирани се училниците и тоалетите, сменети се плочките во ходниците и поставени се нови врати, додека во Вруток се реновирани тоалетите и неколку училници. Во село Дебреше, централното основно училиште „Фаик Коница“ веќе има реновирани санитарни јазли, сменети се вратите и санирани ходниците, а подрачното училиште има нова фасада и реновирани тоалети.

Сите основни и средни училишта, како и градинките во општина Гостивар, новата учебна година ја дочекаа во солидни услови. Инвестициите во предучилишното и училишното образование остануваат приоритет на општина Гостивар бидејќи инвестициите во образованието се инвестиции во иднината.