ТАРАВАРИ: МАКСИМ ИМА АЛБАНСКО ЗНАМЕ ВО СВОЈАТА КАНЦЕЛАРИЈА ВО КУМАНОВО, НЕГО ГО ГЛАСАА И АЛБАНЦИ ВО КУМАНОВО, АКО САКА ДА СИ ОДИ ОД ВЛАДА, СЛОБОДНО, НЕГОВА Е ОДЛУКАТА

0
323

Мислам дека опозициските партии го злоупотребуваат ова. Додека Максим Димитриевски е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална и не може никому да му попречи, рече министерот за здравство, Арбен Таравари.

Министерот за здравство и еден од претставниците на Коалицијата Вреди во Владата, Арбен Таравари, смета дека лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски сѐ уште е во изборна еуфорија и дека албанското знаме не треба никому да пречи, со оглед дека е официјално и за тоа не треба да се разговара.

– Мислам дека опозициските партии го злоупотребуваат ова. Додека Максим Димитриевски е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална и не може никому да му пречи. Ако тоа е причината за напуштање на владата, тој мора да одлучи – рече Таравари во емисијата „Дејли клик“.Според него, Димитриевски добил гласови и од Албанци кога бил избран за градоначалник на општина Куманово.
– Пак ќе има избори и ќе ја смени реториката. Вчера кружеа фотографии на кои се гледа дека во неговиот кабинет има албанско знаме. Мислам дека тоа е повеќе популизам отколку сериозност – рече министерот за здравство.Димитриевски предупреди дека неговото Движење ќе ја напушти владеачката гарнитура доколку се повтори ситуацијата од минатата недела.