Wednesday, April 30, 2025
19.8 C
Skopje

ТАРАВАРИ: ЛИДЕРСКА СРЕДБА БИ БИЛО САМО ГУБЕЊЕ НА ВРЕМЕ

Петседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, денеска се осврна на предлогот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за организирање лидерска средба.

Според Таравари, ако институциите функционираат беспрекорно, каква е потребата од таква средба? Тој нагласи дека наместо да се губи време на политички состаноци, треба да се фокусираат на решавањето на проблемите кои ги имаат како институции.

„Не знам што би правеле на лидерска средба кога институциите работат без пропусти. Ние сме заинтерсирани да ги решаваме проблемите што ги имаме, а не да губиме време на празни разговори.

Важно е да се осигура дека здравствените установи ги поддржуваат луѓето кои имаат потреба од помош, но и да се пронајдат виновниците за трагедиите што се случуваат, бидејќи ова е четвртиот инцидент за само пет години“, изјави Таравари, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во врска со состојбата на повредените во Кичево.

Таравари, исто така, го повтори ставот на коалицијата „Вреди“, која во понеделникот објави дека Филипче нема кредибилитет да повикува на лидерска средба.

Претходно, Филипче на Донаторската вечер за помош на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани најави дека ќе се обиде да организира лидерска средба следната недела во Собранието.

ОВАА НЕДЕЛА

АКСИОС: ТРАМП МУ РЕКОЛ НА ЗЕЛЕНСКИ ВО ВАТИКАН ДЕКА САД, А НЕ УКРАИНА, ЌЕ ГО ПРИЗНААТ КРИМ

„Според неименуваниот извор, Зеленски повторил за време на состанокот...

ФИЛКОВ СО ОСУДА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА КУЌАТА НА ПАНДОВ ВО ОРЕШАНИ

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето...

КОЦЕВСКИ: ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОРА ДА ЗАВРШИ ДО 16 -17 ЈУНИ

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска изјави дека истрагата...

КУМАНОВСКИОТ ОЏАЧАР ДИНО ВО ХУМАНА МИСИЈА ЗА КОЧАНИ

Шеесет и седумгодишниот Амзир Рушити од Куманово, познато како...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ