ТАРАВАРИ : И 15 МИНИСТРИ ДА НИ ВМРО-ДПМНЕ, НЕМА ДА ПРИФАТИМЕ АКО НЕ ОДИМЕ ПО ЕВРОПСКИ ПАТ

0
527

-И петнаесет министри да ни понудат ако не одиме по европски пат, нема што да бараме таму. Во тој случај може претседателот на Алијанса да си даде оставка, партијата да си продоолжи. Меѓутоа, не може Алијанса за Албанците да се приклучи на било кој блок што ќе ја стагнира државата во следните пет до десет години, вели Таравари во интервју за „Слободен печат“.

Посочува дека ако партијата биде дел од некоја идна Влада, таа, како што рече, мора да гарантира дека европскиот пат ќе биде по секоја цена приоритет и тоа во ограничен временски период.За претстојните претседателски избори в година Таравари потенцира дека за ова прашање зборуваат во телата на партијата и посочува дека сите опции се можни. Тој, исто така, не ја исклучи можноста за соработка со било кого, меѓутоа, како што вели, да видиме и да донесеме најмудра одлука.

Таравари нагласи дека сè уште не знаат кои ќе бидат кандидатите, иако за актуелниот шеф на држвата Стево Пендаровски рече дека има позитивно мислење.

-Пендаровски се покажа искрено како релативно добар претседател. Јас можеби ќе кажам и меѓу подобрите во последните 30 години во Македонија. Секогаш може подобро, меѓутоа немаше некакви конфликти, некакви проблеми, да зазема страна кон некоја партија. Некако одржуваше индифиренетност. Малку беше амбивалентен, можеше да биде поамбициозен. Сепак мислам дека генерално остава впечаток на позитивна личност, рече лидерот на Алијанса за Албанците