ТАРАВАРИ ЗА ,,СЛОБОДЕН ПЕЧАТ” : ОД АХМЕТИ ДОБИВ ПОНУДА ДА БИДАМ ПРВ АЛБАНЕЦ ПРЕМИЕР

0
218

„Ми нудеа што сакам – да бидам и прв албански премиер и кандидат од ДУИ и од Алијанса, и пратеник и бројки од пратеници и градоначалници, но идејата не ми беше таа. За мене лично најдобро ќе беше да се договорам со господинот Ахмети, меѓутоа ќе имав проблем со гласачот. Членството ќе го убедев, меѓутоа гласачите ќе ги изгубевме“, вели Таравари.

Претседателскиот кандидат на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари, денеска во интервју за „Слободен печат“ откри дека пред официјално да им се приклучи на опозиционерите, во разговорите кои ги имал со СДСМ и ДУИ, со кои беше дел од власта, меѓу другото, му било понудено да биде првиот премиер Албанец.