Monday, January 20, 2025
-1.2 C
Skopje

ТАРАВАРИ : ЗА НЕКОЛКУ ДИРЕКТОРИ ПРАВИМЕ ЕВАЛУАЦИЈА, КОЛКУ СТРУЧНО И КОМПЕТЕНТНО ЈА ВОДАТ УСТАНОВАТА

Министерот за здравство Арбен Таравари попладнево изјави дека за неколку директори се прави евалуација околу тоа како ја водат здравствената установа, колку стручно и компетентно.

– Ги евалуираме повеќето директори, ни требаат повеќе индикатори. Не сакаме емоционално да постапиме. Ни требаат сигурни докази таму каде што гледаме дека директорите не раководат баш како што треба, треба да се заменат со подобри. Меѓутоа сега не би сакал веднаш да кажам. Треба да донесеме коректна и фрагматична одлука, одговори тој на новинарско прашање, по актуелните случувања на Детската клиника и на Клиниката за респираторни болести кај децата – „Козле“.

На прашање за случајот со починатото седуммесечно бебе на Детската клиника и извештајот на ДСЗИ, министерот рече дека се очекува и извештај од стручна комисија. Таравари, исто така, повтори дека специјализанти низ клиниките дежураат одамна.

– Имало три специјалисти таа вечер, меѓутоа причекајте очекуваме и извештај од стручна комисија.

Секако дека како Министерство веќе за неколку директори правиме евалуација, за тоа како го водат, колку стручно и колку компетентно и според тоа и ќе одговориме. Меѓутоа не ни требаат емоции во именување, во разрешување. Ни требаат податоци да видиме таму каде што има незадоволство, не функционира како што треба, секако ќе се преземат чекори, одговори тој на новинарски прашања за случајот со починатото седуммесечно бебе.

Директорката на Универзитетската клиника за респираторни болести кај децата – „Козле“, Каролина Симоновска вчера беше на средба со министерот по реакциите во јавноста за проблеми на Клиниката. Таа ја опиша средбата како „доста конструктивна“, а на прашањето дали ќе остане директорка, одговори дека се надева дека ќе остане.

Во врска со тоа дека Скопје утре ќе има прекин во водоснабдувањето, Таравари увери дека Клинички центар комплетно ќе биде покриен.

– Веќе обезбедивме донација од вода. Клинички центар комплетно ќе биде покриен. Ќе се обидеме да се редуцираат нормално интервенциите, меѓутоа тоа што е неопходно, веќе комплетно Клиничкиот центар, а се надевам и другите болници во Скопје, тие што ќе бидат опфатени со редукција на вода, ќе бидат покриени и веќе имаме донација, одговори министерот на новинарско прашање.

ОВАА НЕДЕЛА

МИЦКОСКИ : ОД АЕРОДРОМОТ ВО ВАШИНГТОН ДИРЕКТНО НА СОСТАНОК

Директно од аеродром на состанок…, во Вашингтон имав исклучително...

ТРАМП ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНИОТ ДЕН ЌЕ ИЗДАДЕ НАРЕДБА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА TIKTOK

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска дека планира...

МВР : СУЗБИЕНА ОРГАНИЗИРАНА КРИМИНАЛНА ГРУПА ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во...

ПРОНАЈДЕНИ МАЧЕНИ И УБИЕНИ ЦИВИЛИ, ЗАХАРОВА РЕЧЕ ДЕКА ОДГОВОРНИТЕ ЌЕ БИДАТ КАЗНЕТИ

Безмилосните злосторства на Киев врз цивилите и молкот на...

НОВИНАРСТВОТО ВО КРИЗА: ПРОФЕСИОНАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ И НИСКИ ПЛАТИ, ДАЛИ РСМ ОСТАНУВА БЕЗ МЛАДИ НОВИНАРИ?

Според истражувањето на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ