Дваесеттина најтешко повредени пациенти од пожарот во дискотека во Штип ќе бидат пренесени на лекување во странство, изјави денеска министерот за здравство Арбер Таравари, по посетата на Клиничката болница во Штип. Според него, пациенти на лекување ќе бидат транспортирани во Бугарија, Турција, Грција и Белград, а третман понудиле и од Албанија и Холандија.
Тој појасни дека сме добиле понуди за лекување од неколку држави, а тимот на анестезиолози ќе одлучат каде ќе бидат транспортирани.
„Најверојатно ќе се лекуваат во Бугарија, Грција, Србија. Добивме повици од Албанија, Холандија“, истакна министерот Таравари.
Според официјалните бројки загинати се 59 лица, на возраст од 14 до 24 години, а стотина се повредени.