ТАРАВАРИ ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ГИ РАЗРЕШИ ЕКОНОМСКИТЕ ДИРЕКТОРИ ОД КЛИНИКИТЕ

0
80

Арбен Таравари вети дека во понеделник ќе ги разреши сите економски директори во Клиничкиот центар, кои и онака во голем процент се В.Д., на денешната конференција на коалицијата ВЛЕН.

Како министер за здравство меѓу останато, рече дека ќе се заложи итно да се реши проблемот со компресорите во опрационите сали во Клиничкиот центар „Мајка Терза“, и разрешување на економските директори на клиниките, за кои рече близу 90 отсто се в.д. директори. Штом ја преземе функцијата, Таравари вети дека веќе во понеделеник овие в.д. директори веднаш ќе бидат разрешени, а за останатите кои се со решенија ќе поднесат Предлог измени на законот за веќе да не постојат економски директори.

Тој ги потенцира четирите слолба на идното владеење на новата владина коалиција – забрзување на европскиот пат на земјата, бескопмпромисна борба против криминалот и корупцијата, за која вели порано многу се зборуваше а малку се работеше, економскиот развој на државата и подигнување на животниот стандард на граѓаните и рамноправен регионален развој и зајакнување на општините како основна единица на демократијата, односно децентрализација.

-Оваа влада е гарант за европскиот пат, се надевам дека што побргу ќе се случат уставните промени. Но, за да се случат секогаш треба и македонскиот партнер во владата да има добра волја. Доброто е што веќе имаме 80 гласови, само треба уште една дефинитивна синхронизација меѓу Скопје и Софија, за која што верувам ќе се случи набргу – рече Таравари.