ТАРАВАРИ : АКО ТРЕБА ДА ИМА НОВИ ИЗБОРИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК, НЕМА ДА БИДАМ МИНИСТЕР

0
92

„Доколку треба да се оди на предвремени избори за градоначалник, нема да ја прифатам министерската функција и не би било праведно кон граѓаните повторно да одат на избори“.

Ова го изјави денеска гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари на новинарско прашање што го спречува да влезе во идниот владин кабинет.

– Дилемата е дали вреди да се оди за една година двапати на избори? 35.000 луѓе во Гостивар да излезат да гласаат во ноември оваа година и во октомври следната година, мислам дека е нечесно. Така што, ако остане актуелниот Закон за локална самоуправа, јас ќе останам тука.

Единствената причина што ме колеба е таа дека не би сакал граѓаните да ги малтретираме за неполна година двапати да излезат да гласаат – изјави Таравари.Таравари појасни дека сè уште нема донесено дефинитивна одлука и дека тоа би го кажал в понеделник.