ТАРАВАРИ : АА НА ИЗБОРИ, ОДИ САМА – ЗЕЈДИ : НА ИЗБОРИТЕ ЌЕ ИМАМЕ САМО ДВА БЛОКА

0
317

Непосредно пред средбата на лидерите на политичките партии, прашавме дел од првите луѓе  на политичките партии, што очекуваат од средбата и дали би прифатиле укинување на техничката влада доколку ВМРО-ДПМНЕ го поднесе ова барање.  Шефот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, се чуди зошто ВМРО дпмне  конечно се сети да поднесе такви барања, а додава дека за тоа требало да се разговара пред година или две. За  премиер Албанец вели дека договорот меѓу СДСМ и ДУИ мора да се почитува.

Арбен Таравари: ВМРО не знае зошто секој пат два-три месеци пред избори се присетуваат да поставуваат вакви прашања. Тие можеа да го покренат како прашање пред една или две години и можевме да разговараме за тоа. Но, сега, на три-четири месеци пред изборите, ми делува парадоксално и тенденциозно, не кажувам зошто.

-Треба ли да имаме 100 дена  премиер Албанец?

Таравари: Тоа е договор меѓу ДУИ и СДСМ, ако има таков договор, апсолутно да. Мислам дека тенденцијата на ВМРО е повеќе да нема премиер Албанец отколку да има техничка влада. За премиерот Албанец!

Скендер Реџепи од Народното движење, би прифатил укинување на техничката влада доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени. Во овој случај и функцијата премиер Албанец, според него, може да почека.

„Евентуалното барање за укинување на техничката влада, јас би ја поддржал со еден услов – сите да се договориме уставните измени да се случат пред изборите, а потоа не ни треба ниту техничката влада туку ќе одиме на избори по уставните измени. Во моментот кога ќе се постигнат уставните измени, сметам дека првиот премиер Албанец може да почека“, вели Скендер Реџепи.

Дали Мицкоски би прифатил да гласаат за уставните измени со цел да имаме предвремени избори и да се укине техничката влада?

Што се однесува на соработката во текот на изборите, Арбен Таравари извести дека АА се подготвува сама да оди на избори. Народното движење се уште не одлучиле  како ќе делува а Мицкоски и посака на власта многу години да поминат во опозиција со цел, како што рече, да се реформираат.