Sunday, June 22, 2025
21.8 C
Skopje

ТАЛЕСКИ : ДПМНЕ НЕ МОЖЕ НИШТО ДА РЕШИ, САМО ЛАЖЕ И СОЗДАВА ХАОС СО ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кое прави и создава проблеми , СДСМ ги решава проблемите и затоа денес ќе излезе со конкретен закон и конкретно решение за личните документи за граѓаните.
ДПМНЕ се тие кои што ги лажат граѓаните, велејќи дека кога ќе дојдат на власт ќе го променат името и ќе го вратат старото име за да се реши проблемот на граѓаните.
-ДПМНЕ сега да и каже на македонската јавноста како ќе го промени името, кое го споменува заради вадењето документи. ДПМНЕ се истите тие кои не ги гласаа своите министри, а сега излегуваат во јавност и кажуваа дека ќе го решиле проблемот со документите во државата. Нивниот технички министер даваше изјави дека ќе го решел проблемот на граѓаните кои сега чекаат. Денес ќе го решел проблемот, утре ќе го решел.  Ајде решете  го проблемот, наместо да се жалите и да ја замајувате јавноста и да создавате проблеми, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талевски.
Техничкиот министер на ДПМНЕ, не само што не може да го реши проблемот, туку тој не може ништо да направи, потенцираше Талевски.
Тоа се кадрите на ДПМНЕ и тоа се гледа точно и во општините со кој тие владеат две години
-ДПМНЕ со нивните градоначалници да кажат барем еден проект кој што го решија, во нивните мандати. Една шајка немате ставено во општините каде што раководи ДПМНЕ, само лажете и секогаш некој друг им е крив“, рече Талески.
 СДСМ денес со коалицијата ќе излезе со конкретно решение каде ќе се  реши проблем на граѓаните со документите за лична идентификација.

 

ОВАА НЕДЕЛА

ГЕРМАНИЈА, ФРАНЦИЈА И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ГО ПОВИКУВААТ ИРАН ДА ПРЕГОВАРА ЗА НУКЛЕАРЕН ДОГОВОР

Лидерите на Германија, Франција и Велика Британија го повикуваат...

НАПАДИТЕ ВРЗ ИРАН – НАЈГОЛЕМИОТ И НАЈРИЗИЧЕН ЧЕКОР НА ТРАМП ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА

Со својата невидена одлука да ги бомбардира нуклеарните постројки...

ОД УЛИЧНО НЕДОРАЗБИРАЊЕ ДО ТЕПАЧКА СО ТУПАНИЦИ И СТАПОВИ НА ЈАДРАНСКА МАГИСТРАЛА

Во меѓусебната тепачка учествувале М.В. (32), Ш.В. (46), двајцата...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ