ТАЛЕСКИ : ВМРО-ДПМНЕ НА ВЧЕРАШНИОТ ПРОТЕСТ НЕ ПРОТЕСТИРАА ЗА ОДБРАНА НА ЗАТВОРЕНИТЕ ОД 27-МИ АПРИЛ, ПРОТЕСТИРАА ЗА ОДБРАНА НА НИВНИОТ СПОНЗОР ОРЦЕ КАМЧЕВ

0
215

„Тоа што го покажа ВМРО ДПМНЕ со вчерашниот протест е фактот дека се на страната на криминалците. Тие лица, насилниците, пристигна во парламентот за да нападнат, имаше сериозно повредени, вршеа насилство врз пратениците и новинарите. Вчера ВМРО ДПМНЕ јавно призна дека е заштитник на криминалот.

Дека сака да ги заштити и нивниот финансиер Јордан Камчев, како и Сашо Мијалков. Целта на протестот беше ВМРО-ДПМНЕ да покаже дека е се уште е заглавена во истата криминална матрица. Тотална безидејност владее кај опозицијата. Како тие денеска ќе го погледнат во очи пратеникот Зијадин Села, кој што беше претепан речиси до смрт“- праша пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, во интервјуто за „Утрински брифинг“.