ТАЛЕСКИ : ВМРО-ДПМНЕ ДА СЕ ОТРЕЗНИ, ЦЕЛА ГОДИНА ГО БЛОКИРАШЕ ЗАКОНОТ ЗА СЛУЖБА ВО АРМ НА ШТЕТА НА ВОЈНИЦИТЕ

0
560

Одговор на новинарско прашање, Миле Талески, пратеник на СДСМ

Во делот што се однесува на кворумот денеска имаме имаме неколку седници и ќе се потврди дека парламентарното мнозинство е стабилно, дека има кворум и дека ќе бидат донесени сите оние закони којшто во овој временски период не беа донесени.

Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ конкретно морам да го пренесам со оглед на тоа дека сум претседател на Комисијата за одбрана и безбедност во делот на Законот за служба во армијата. Затоа што на последната седница кога требаше законот да биде изгласан во Собранието имаше 58 пратеници а цела пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ беше надвор, за после два дена душегрижнички колегата Ковачки да излезе да критикува зошто не бил донесен законот. Тој истиот Ковачки поради кого не беше донесен Законот за служба во армијата пред една година.

Пред една година истиот тој зако беше ставен во процедура и една година беа спречени припадниците на армијата да ги користат сите оние бенефити којшто се однесуваа и беа вклучени во делот на Законот за служба во армијата.
Зошто?! Затоа што ВМРО-ДПМНЕ тогаш во тој момент немаше ниту активен бојкот, немаше ниту никаква најава за некаков бојкот, туку ВМРО-ДПМНЕ во континуитет е во бојкот во Собранието и поднесоа 2000 амандмани пред една година кога Ковачки не беше пратеник за да го заштитат него во делот на Законот каде што беше предвидено дека припадници на армијата не смееат да бидат носители на високи партиски функции во политичките партии. Ете таа е вистината во делот на тоа како ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат.

Што се пднесува на одлуката на парламентарното мнозинство денеска имаме неколку седници каде што ќе се изгласаат сите оние закони којшто не беа изгласани во минатиов временски период.

Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да се свести во една ваква ситуација да излезе надвор од теснопартиските интереси за заштита на криминалот во нивната партија и да биде тука во Собранието да се носат одлуки исклучително во интерес на граѓаните и ништо друго.