Талат Џафери уште еднаш им рокна нож во грб на ВМРО-ДПМНЕ : Иванов се заглави до гуша!

0
1989

-Претседателот Ѓорге Иванов го прекрши Уставот, а наместо разврска на политичката криза ќе следи дополнително продлабочување, реагираат од ДУИ.

Талат Џафери во изјава за Телма вели дека досега, ниту еден мандатар не доставил програма на Претседателот, туку дека тоа се прави во Собранието. Ова се однесува на изјавите на Иванов, кој вчера побара од партијата која ќе формира влада, во својата програма да има два клучни приоритета: заштита на унитарноста на државата и системска реформа на националната безбедност.

-Со поставување на условите, оној кој се претставува како татко на нацијата, се заглави до гуша – вели Џафери.

Од партијата не сакаат да кажат дали е можна коалиција со СДСМ и велат дека продолжуваат со внатрепартиски консултации, бидејќи сите опции биле отворени.

Од БЕСА и Алијансата за Албанците пак, денеска побараа од СДСМ што поскоро да отпочнат преговори за формирање парламентарно мнозинство и да се состави влада. Претседателот Иванов рече дека мандатот за состав на влада ќе го добие онаа партија која ќе успее да собере мнозинсттво, односно потпис од најмалку 61 пратеник.