Пратеникот на ДУИ и поранешен министер за одбрана, Талат Џафери, ги потврди обвинувањата и бројните констатации дека институциите на државата се во целост под капата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, јави А1он.
На денешната седница во Собрание, Џафери призна дека удел во партизацијата на државниот систем има и ДУИ, партија која ја застапува.
-Не е новина неподеленоста на партијата од државата, вклучувајќи го тука и субјектот кој јас го застапувам – рече Џафери реплицирајќи на пратеничката, Солза Грчева.
Репликата беше дадена на Комисијата за надзор над спроведување на посебната истражна мерка прислушување на комуникациите. Грчева инсистираше дека оваа Комисија не може полноправно да одлучува во отсуство на опозицијата и со претседавачот Павле Саздов од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Повеќе детали може да прочитате ОВДЕ