ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Aеродромот Св. Апостол Павле Охрид, ја известува и предупредува јавноста за лажни страници и профили на социјалните мрежи преку кои наводно се продава изгубен багаж на аеродромот
Затоа, апелираме до јавноста да бидат внимателни додека се онлајн, особено кога се бара да ги вметнат своите лични податоци и детали за трансакциски сметки, кои може дополнително да бидат злоупотребени. Како сериозна и одговорна компанија која се грижи за своите клиенти, ТАВ Македонија ќе ги преземе сите правни мерки за заштита на својот углед, особено затоа што во аеродромската дејност изгубениот багаж им се враќа на сопствениците согласно утврдена процедура, односно со изгубениот багаж никогаш не се тргува – велат од ТАВ Македонија. Оттаму ја потсетуваат јавноста дека сите официјални информации и новости во врска со и за Меѓународниот аеродром Скопје може да се најдат на веб-страницата на Меѓународниот аеродром Скопје https://skp.airports.com.mk/mk-MK/ како и на нашите страници на социјалните мрежи:
Фејсбук-страница: https://www.facebook.com/SkopjeAirport; Инстаграм страница: https://www.instagram.com/skopjeairport/; иТвитер страница (X): https://x.com/skopjeairport – Сите други веб-страници и страници на социјалните мрежи на кои луѓето може да наидат, лажно се претставуваат и немаат никаква врска со Меѓународниот аеродром Скопје и дејноста на ТАВ Македонија – велат од компанијата