СЈО поднесе жалба на Решението од Основниот суд кој одби да достави копии со докази

0
309

Соопштение на Специјалното обвинителство:

Ве известуваме дека против решението Основниот суд Скопје 1 Скопје со кое е одбиено нашето барање за копии на списи и електронски докази, во текот на денешниот ден вложена е жалба по повеќе основи.

Во жалбата укажуваме дека со обжаленото Решение првенствено сторена е суштествена повреда на одредбите на ЗКП во смисла што решението надвор од главната расправа го донел судечкиот совет, наместо да го донесе совет од 3 судии, согласно членот 25 став 5 од ЗКП.

Исто така укажано е дека од наша страна барани се и докази кои воопшто не се класифицирани, како и докази кои се декласифицирани. И овие докази Судот не ни ги доставил, туку во целост го одбил нашето барање, повикувајќи се на обврската за чување класифицирани информации, иако таква обврска за овие докази очигледно не постои.

Во жалбата се повикуваме и на законските и подзаконските акти кои ја регулираат материјата за класифицираните информации и тоа Законот за класифицирани информации и Уредбата за административна безбедност на класифицирани информации, каде меѓу другото е предвидена можноста за репродукција и пренос на класифицираните информации за корисниците на класифицирани информации (јавните обвинители во ова Јавно обвинителство кои поседуваат безбедносни сертификати со степен на доверливост Државна тајна), кои прописи доколку Судот ги примени во никој случај нема да ја повреди обврската за чување на класифицирани информации.