На распит во СЈО досег се повикани три последователни координатори на партијата од Крива Паланка: Анри Андоновски, Борче Стојчевски, Игор Тодоровски, потоа градоначалникот Арсенчо Алексовски, и неколку локални директори и вработени во приватен сектор. До сега бројот на лица се движи околу 10-тина.
Според сознанија до кои дојде Истокпресс, Специјалното јавно обвинителство ја проширило истрагата за нелегално финансирање на кампања од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Деновиве на распит во СЈО се повикани три последователни координатори на партијата од Крива Паланка: Анри Андоновски, Борче Стојчевски, Игор Тодоровски, потоа градоначалникот Арсенчо Алексовски, и неколку локални директори и вработени во приватен сектор. До сега бројот на лица се движи околу 10-тина.
Нашите сознанија говорат дека овие лица во последните неколку изборни циклуси извршиле дела спротивни на закон, поврзани со нелегално финансирање на партијата.
Шемата била следна: Огромни суми на црни пари во кеш пристигнувале од Централата на партијата кај дел од горенаведените раководни лица, кои имале задача да ги поделат кај сигурни активисти и преку нив да бидат уплатувани на сметка на партијата како наводна донација од нив. Овој процес се вршел преку експозитура на една банка во општината. За сето ова СЈО поседува цврсти докази.
Во меѓувреме се вклучил црвениот аларм во Општинскиот Комитет, до пред некој ден координаторот Борче Стојчевски свикал таен состанок со сите кои имале добиено покани да се јават на распит во СЈО. На истиот состанок им било предочено да внимаваат што зборуваат пред обвинителите и истражителите бидејки доколку некој ја признае вината и се открие шемата, првин сите ќе бидат обвинети за злосторничко здружение и осудени на повеќегодишна казна затвор, и второ, целиот имот и средства на партијата ќе бидат конфискувани, вклучувајки го и новиот штаб, во старата паланечка чаршија кој партијата го купи од фамилијата каде зет е прв братучед на досегашниот координатор, Стојчевски, која зделка и до сега се шпекулираше дека е сомнителна.