СУДСКАТА РЕФОРМА НА ЗАЕВ ПОЧНА СПЕКТАКУЛАРНО: Панчевски осуден на затворска казна од 3 и пол години, останува во притвор до правосилна пресуда!

0
387

Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години и шест месеци затвор. Судијката Валентина Георгиевска пресудата ја донесе вечерва по завршување на рочиштето кое траше повеќе од десет часа.

Панчевски во завршниот збор кажа дека јавниот обвинител не бил запознат со целата материја со која го води предметот. Според него, ова обвинение е лицемерно, бидејќи се поведува една година по завршување на неговиот мандат во Основниот суд Скопје 1.

Панчевски, според обвинението поднесено од ОЈО Скопје, се товараше дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година давал наредби на службеници што имале пристап во АКМИС-от рачно да се распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот и кажувал на кој судија да се распредели предметот.