СУДОТ НЕ СМЕЕ НИ ДА ПОМИСЛИ ДА ГО ПУШТИ КАМЧЕВ ОД ПРИТВОР ТОА БИ БИЛО ЛУДОСТ БЕЗ ПРЕСЕДАН!

0
230

Бидејќи за два дена му истекува 30-дневниот притвор на бизнисменот Орце Камчев, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побарало продолжување на притворот за нови 30 дена.

Обвинителката Лиле Стефанова предлогот за продолжување на притворот поднела во петокот.

Камчев заврши во притвор на 14 март откако Агенцијата за национална безбедност (АНБ) достави белешка до Обвинителството дека се подготвува за бегство. Тој е еден од осомничените во истрагата „Плацевите на Водно“.

Адвокатот на Камчев, Тони Менкиновски, пак денеска оддржа прес конференција на која истакна дека неговиот клиент незаконски бил ставен во притвор, поради што ќе поднесе преставка против судијата на претходна постапка бидејќи ја донел одлуката за притвор без на одбраната да и презентира докази за тоа.

Ако судот реши да го пушти Камчев од притвор тоа ќе биде луда одлука без преседан, ако се знае дека Камчев досега ги прекрши и двете причини за одредување на притвор – влијание во истрагата и обид за бегство. Тој даде милиони евра во торби за да влијае на истрагата плус имаше обид за бегство, ако пак го пуштат од притвор тоа значи дека судиите се многу лесни за медиски притисок од медиумите блиски на Камчев.