СУДОТ НЕ ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО ЈАВНОСТА ДА БИДЕ ИСКЛУЧЕНА ОД СУДЕЊЕТО ЗА ВАЊА И ПАНЧЕ

0
80

Судот не го прифати барањето на мајката на убиеното девојче Вања Ѓорчевска јавноста да биде исклучена од цела јавна расправа. Одбраната на обвинетите беше против исклучување на јавноста.

Првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо кажа дека поради ова нема да ја повика мајката на Вања да сведочи за да не се вознемирува. Судскиот процес за убиството на Вања и велешанецот Панче Жежовски почна денеска со воведни зборови на обвинителството.