СУДОТ ИМ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ЗИМОВАЊЕ ВО ШУТКА УШТЕ НА ЧЕТИРИ ЌОСИЊА

0
2318

Триесетдневен притвор судија на претходна постапка им определи и на останатите четири лица, кои се недостапни на органите за прогон, а учествуваа во настаните на 27 април во Собранието на Република Македонија.

На Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Дејан Давидовски и Младен Додевски им е одреден триесетдневен притвор кој ќе почне да тече по нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.

Од Кривичниот суд велат дека известувањето за притворот го доставиле до Обвинителството кое според нив, треба да распише потерница.  Се чека да биде распишана потерница по осомничените лица.

„Решенијата, веднаш по нивното изготвување, од судот се испратени до надлежното обвинителство, а наредба за распишување потерница, согласно одредбите од законот, донесува органот кој jа води постапката“, се вели во соопштението.

Освен четворицата осомничени кои се во бегство, 28 лица се веќе во притвор.