– Кој ви даде право во наше име да кршите закон? Зошто постапуваш спротивно на чл.89? Зошто согласно законот не го бирате најдобро оценетиот Судија? Или за тебе законот е најмалку битен ? Тамо кај што седите не претставувате Нас судиите! Зошто најсветото нешто за нас судиите го газите?
Немате право на тоа! Противправно однесување е недозволиво за некој што е Судија! Одете си од тамо Веднаш и престанете да штетите на судиите! Брука си ! Брука за судиите и за вашето семејство во кое сите се правници! Како гласате за кандидат на кој сте му биле ментор? Има судир на интереси! Вака ли сте ги учеле колегите како ментор ? Да се кршат закони?
Одете си веднаш од Судскиот совет и од судството Срамота брука резил си ! Имате ли срам? Ти се обраќам тебе бидејќи ти си таму со гласовите на овој суд за кој гласаш незаконита одлука! Немаш право на тоа! Немаш ниту кредибилитет тамо да седиш, како ќе цениш дали некој судија постапил законито или не? Нема место веќе за демагогиите за кои постојано зборите во Судски совет и на други настани, а до збор од тебе не може да се дојде!
На колку судии им го нарушивте угледот со вашите демагогии, а вие всушност го немате, го згазивте и вашиот углед. Постојано го окупирате просторот дека си долгогодишен судија, па ова ли е вашето искуство флагрантно кршење закон? Јас бев еден од тие кои внимателно го слушав секој ваш збор, па и ти верував што го сметам за свој пораз и грешка! Оди си ! Ако не си одиш ќе одат судиите кои вредат , кои не ја трпат калта со која прскате – порачува судијата.
Димовска денеска беше избрана со 10 гласа за и два против.