СУДИИТЕ МИРЈАНА РАДЕВСКА СТЕФКОВА, ЗОРАН ГЕРАСИМОВСКИ И ИВИЦА НИКОЛОВСКИ НОВИ ЧЛЕНОВИ НА СУДСКИОТ СОВЕТ

0
584

Судијката од Врховниот суд, Мирјана Радевска Стефкова од Врховниот суд, Зоран Герасимовски, судија во во Апелациониот суд во Скопје и Ивица Николовски од тетовскиот суд ќе бидат нови членови на Судскиот совет , покажуваат неофицијалните резултати по спроведените избори за членови на Судскиот совет на од редот на судиите за изборните единици: Врховен суд на Република Северна Македонија, Апелационо подрачје Скопје и управните судови и Апелационо подрачје Гостивар.

-1. Мирјана Радевска Стефкова, судија во Врховниот суд на Република Северна Македонија доби 15 гласа

Изборна единица: Апелационо подрачје Скопје и управните судови
Од вкупно запишани 243 во Судски изборен именик вкупно гласаа 209 судии

2. Зоран Герасимовски, судија во Апелациониот суд во Скопје доби 193 гласа

Изборна единица: Апелационо подрачје Гостивар
Од вкупно запишани 56 во Судски изборен именик вкупно гласаа 52 судии

1. Љупчо Спировски, судија во Основниот суд во Тетово доби 16 гласа
3. Ивица Николовски, судија во Основниот суд во Тетово доби 35 гласа, соопштија од Судскиот совет.

По објавување на неофицијалните резултати, кандидатите имаат право на приговор во рок од 5 часа од објавувањето на резултатите. Новите судии ќе заменат тројцата членови од Судски кои заминаа во пензија, Киро Здравев, Гордана Спиреска и Зоран Теофилоски.