ГОРАН СУГАРЕСКИ : ДОЈДЕ ВРЕМЕ КОГА МОЕТО ПОЛИТИЧКО ИСКУСТВО И ЗНАЕЊЕ ОД ЗАКОНОДАВНАТА ВЛАСТ КАКО ИДЕН ГРАДОНАЧАЛНИК ДА ГО ВЛОЖАМ ОВДЕ ВО МОЈОТ РОДЕН ГРАД

0
260

Со денешната прес конференција, со промоцијата на кандидатската листа за советници и со отворањето на централниот штаб, го направивме првиот чекор кој ќе резултира со голема победа на 17 октомври.

Имаме силна советничка листа, имаме реална и остварлива програма, имаме цврста верба и силен мотив за победа.

Дојде времето кога сето мое искуство и знаење кое низ годините сум го стекнувал во законодавната и извршната власт, сакам да го инвестирам, да го вложам овде, во мојот роден град, во Прилеп.

Прилеп не е мојата попатна станица, Прилеп е мојата крајна дестинација. Тука сум роден, тука е моето семејство, моите пријатели, тука сте вие, моите партиски другари. Тука е се што во животот нешто ми значи.

Почитувани пријатели, стојам овде пред вас исправено и гордо и ви велам: На 17 октомври, СДСМ и Коалицијата, сите ние заедно ќе извојуваме голема победа!

#НајдобротоЗаПрилеп

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник,  Горан Сугарески.