СУГАРЕСКИ : ПО ПОБЕДАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО ПРИЛЕП ЗАЕДНО СО МОИТЕ ПРИЛЕПЧАНИ ЌЕ ГО ПРАВИМЕ ГРАДОТ УШТЕ ПОУРБАН И ПОДОБАР ЗА ЖИВЕЕЊЕ

0
292

Во изминатите 4 години, со сопствени средства и средства од министерствата и Владата, Општина Прилеп и јавните комунални претпријатија реализираа голем број на инфраструктурни проекти во сите делови од градот и населените места.

Еден од нив е новоизградениот парк во населбата „Кузман 3“, на потегот помеѓу улиците „Мечкин Камен“ и „Методија Патчев“, во кој денеска беше осветен параклисот „Св.Великомаченик Георгиј“.

После победата на СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори, ќе ја продолжиме и уште повеќе ќе ја интензивираме соработката со урбаните и месните заедници.

Заедно со граѓаните ќе ги одредуваме приоритетните проекти, во насока на подобрување на условите за живот како во градот, така и во руралните средини.

#СДСМ #НајдобротоЗаНашатаОпштина

Фејсбук статус на Горан Сугарески,  кандидат з градоначалник на СДСМ во Прилеп